АЛКАРАЗ ПРОГОВОРИ ЗА ОДНОСОТ СО СИНЕР: Не сме пријатели, но се почитуваме! Тоа ме прави подобар!

Алкараз исто така нагласи дека меѓу нив постои меѓусебно почитување, и покрај големото соперништво.

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изјави дека соперништвото со Италијанецот Јаник Синер има позитивно влијание врз неговиот развој, објавија денес шпанските медиуми.

„Интересна борба за врвот е, но мислам дека двајцата разбираме дека најважно е да се подобруваме постојано. Синер е еден од играчите што ме прави подобар. Тој ми помага да ги разберам моите слабости и на што треба да работам на секој тренинг и на секој натпревар“, рече Алкараз, како што објави шпанската „Марка“.

Вториот тенисер во светот додаде дека со евентуално освојување на турнирот во Барселона, би можел да се врати на првото место во светот и да го престигне Синер.

Алкараз исто така нагласи дека меѓу нив постои меѓусебно почитување, и покрај големото соперништво.

„Вистина е дека имаме добар однос. Не е лично пријателство, не излегуваме на вечери или ручеци заедно, но надвор од теренот има многу почитување. Тој има одличен тим и средина, а и самиот е фантастичен. Без оглед на борбата на теренот, нашите личности нема да се променат надвор од него“, рече Алкараз.

Шпанецот го коментираше и виралниот момент од Монте Карло, кога го сними Синнер како скока во базенот по победата.

„Го видов како скокна во базенот и застанав да го фатам тој момент“, рече тој со насмевка.

Конечно, Алкараз истакна дека нивната врска испраќа важна порака:

„Ова е одличен начин да му покажеме на светот дека и покрај големото соперништво и борбата за исти цели, можеме да бидеме добри луѓе и да имаме добар однос надвор од теренот.“

The post АЛКАРАЗ ПРОГОВОРИ ЗА ОДНОСОТ СО СИНЕР: Не сме пријатели, но се почитуваме! Тоа ме прави подобар! appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: