четврток, 12 ноември 2026
Најново

Алкохолот во продажба без временско ограничување

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Алкохолни пијалоци ќе може да се купат кое било време во текот на денот или ноќта, откако стапија на сила законските измени за укинување на временското ограничување за купување на алкохол во маркетите.
Собранието на Република Македонија пред десетина дена ги изгласа измените на Законот за трговија, предложени од Владата во мај годинава.


Со законските измени се дозволува и продажба на алкохолни пијалаци во киосците, но останува забраната за продажба во продавниците во состав на бензинските пумпи. Останува и забраната за продажба на алкохол на лица помлади од 18 години. За да можат да продаваат алкохолни пијалаци, трговските објекти и понатаму треба да поседуваат соодветни лиценци.

Поврзани вести