Кристијано Роналдо вчера потпиша за Ал Наср од Саудиска Арабија, но богатиот тим нема намера да запре со засилувања, па сака наскоро да го ангажира и фудбалерот на Челси, Н’Голо Канте.
Канте има договор до крај на сезоната со „сините“ и сака да остане во Лондон, меѓутоа не ја исклучи можноста да потпише и за некој друг тим ако пристигне богата понуда.
Французинот е надвор од терените поради повреда, а се очекува да се врати на теренот дури во март.