Амал Клуни се врати во уште едно беспрекорно деловно издание

Откако ги роди близнаците Ела и Александер, Амал Клуни ретко имаме прилика да ја гледаме во јавноста.
Но, прекрасната адвокатка за човекови права која успеа да го “припитоми” и вечниот ерген Џорџ Клуни, сега се искупила за својата отсутност во уште едно беспрекорно издание во својот омилен деловен стил.


Амал била фотографирана пред хотелот во Њујорк во елегантен црвен фустан со поширок горен и припиен долен дел поради што изгледа како да е составен од два дела. Со прилично воочлив фустан, таа носела беж салонки кои визуелно ги издолжиле нејзините нозе и го надополнила изгледот со беж чанта и балонер во иста, невпечатлива нијанса, а резултатот бил совршен тренди деловен стајлинг за есенската сезона.


Воочливите нијанси се еден од водечките трендови на сезоната, а Клуни сега докажала дека со неутрален остаток од аутфитот можат да се вклопат и во елегантниот деловен изглед.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.