Американска армија: Тројца наши војници се убиени, а петмина се тешко ранети

Централната команда на Соединетите Американски Држави (CENTCOM) објави дека тројца американски војници се убиени во рамките на операцијата „Епски бес“ што ја започнаа Израел и САД против Иран вчера наутро.

Американската војска објави дека тројца членови се убиени во акција, а петмина се сериозно повредени.

„Неколку други претрпеа полесни повреди од шрапнели и потреси на мозокот и се во процес на враќање на должност“, се додава во соопштението на ЦЕНТКОМ.

Тие нагласуваат дека големите борбени операции продолжуваат и дека се во тек напорите на САД да одговорат на иранските ракети во однос на одбраната.

„Ситуацијата е променлива, па од почит кон семејствата, нема да објавуваме дополнителни информации, вклучително и идентитетот на нашите паднати војници, сè до 24 часа откако ќе бидат известени најблиските роднини“, се вели во соопштението.

Вчера немаше информации од американската армија за загинатите војници. Меѓусебните напади се постојани откако Израел и САД го нападнаа Иран вчера наутро и го убија врховниот лидер на таа земја, како и неколку високи функционери.

Пронајдете не на следниве мрежи: