Американски бизнисмен: Французите работат три часа и имаат луди синдикати

Вработените во француската фабрика на „Goodyear“ во Амиен која создава загуби „работат само три часа“ дневно а ги застапуваат „луди“ синдикати, вели челникот на американската компанија „Titan“ која произведува автомобилски гуми, откако Франција му предложи да го преземе производството.Челникот на „Titan International“ на владата на Франција во средата ѝ порача дека неговата компанија нема да ја преземе загубарската фабрика на „Goodyear“, пренесе France24. Според телевизијата, Морис Тејлор го запрашал францускиот министер за индустриска обнова Арно Монтебурж „Колку мислите дека сме глупи?“ во писмото кое коешто го објави дневниот деловен весник Les Echos.„Ја посетив таа фабрика неколку пати, Француската работан сила добива големи плати но работи само три часа. Имаат еден час пауза и ручек, разговараат три а работат три часа. Им го кажав тоа на синдикалистите во лице. Тие ми рекоа дека тоа е францускиот начин!“, напишал Тејлор.Тејлор одговорил на предлогот на министерот Монтебурж да разгледа дали „Titan“, кој произведува гуми за земјоделски машини, сака да вложи во фабриката во градот Амиен, во северна Франција. Компанијата на Тејлор во 2012 година водеше разговори со „Goodyear Dunlop Tyres“ за можно преземање, но преговорите ги блокираше синдикатот CGT кој ја има поддршката на француските комунисти.Предлогот на Монтебурж за Тејлор беше последниот обид „Titan“ да се привлече назад на преговори и да ја спаси фабриката и нејзините работници, откако „Goodyear“ по долга борба со синдикатите кон крајот на јануари објави дека дефинитивно ја затвора фабриката во која работат 1.173 работници. По слабата продажба, фабриката во 2011 година остварила загуба од 61 милион евра.Тејлор во писмото го предупредува францускиот министер дека францускиот производствен сектор е осуден на пропаст, доколку не се соочи со стварноста на азиската конкуренција и поефикасно не ги решава односите со проблематичните синдикати.„Вие сте политичар и не сакате да ги бранувате водите. Кинезите испорачуваат гуми во Франција и во цела Европа, но ништо не правите. За пет години ‘Michelin’ нема да може д произведува гуми во Франција.  ‘Titan’ ќе купи кинеска или индиска фабрика за производство на гуми, ќе плати помалку од евро за работен час и ќе ги испорача сите гуми коишто ѝ се потребни на Франција. Можете да го задржите вашите таканаречени работници. ‘Titan’ нема интерес за фабриката во Амиен“, напишал Тејлор.
МакфаксВработените во француската фабрика на „Goodyear“ во Амиен која создава загуби „работат само тр

Пронајдете не на следниве мрежи: