четврток, 12 ноември 2026
Најново

Американски воен хеликоптер се урна близу меѓукорејската граница

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Хеликоптер на американската армија кој учествувал во воените маневри во Јужна Кореја се урна во вторникот во близина на границата меѓу двете Кореи, при што нема настрадани, потврдиле за AFP официјални извори.

 Транспортниот хеликоптер од типот „CH-53″ со тројца членови на екипажот и 13 војници „имал тешкотии при слетувањето” во областа Челуонг, до границата со Северна Кореја, изјавил неименуван американски воен функционер. Во инцидентот нема повредени.
Инцидентот предизвика внимание бидејќи се случи во период на ескалирање на тензиите на Корејскиот полуостров, откако Советот за безбедност при Обединетите нации изгласа нов бран санкции за Северна Кореја поради нејзиното трето нуклеарно тестирање на 12-ти февруари, по што Пјонгјанг започна со засилена воена реторика и закани со нуклеарни напади врз Јужна Кореја, Јапонија и САД.
Северна Кореја притоа ги осуди годишните американско-јужнокорејските воени вежби кои ги смета за главна проба пред инвазија на нејзината територија.
Инаку во Јужна Кореја се стационирани околу 28.500 американски војници по завршувањето на Корејската војна којшто траеше од 1950 до 1953 година.
Макфакс
Хеликоптер на американската армија кој учествувал во воените маневри во Јужна Кореја се урна во вторникот во близина н

Поврзани вести