АМЕРИКАНСКИ ГЕНЕРАЛ: Не ја сметаме британската армија за борбена сила

Висок американски генерал во приватен разговор му рекол на британскиот министер за одбрана Бен Валас дека САД повеќе не ја сметаат британската армија за супериорна борбена сила, пишува британски Скај њуз повикувајќи се на извори од одбранбениот сектор.

АМЕРИКАНСКИ ГЕНЕРАЛ: Не ја сметаме британската армија за борбена сила

Истите извори тврдат дека падот на борбените способности на британската војска, кој уследи по една деценија кратења за заштеда на пари, мора да биде вратен што е можно поскоро поради руската инвазија на Украина.

„Заклучокот е дека британската војска не е способна да ги заштити ОК и нашите сојузници во следните десет години“, рече еден од изворите.

Британскиот премиер Риши Сунак ризикува да пропадне со улогата на „воен премиер“ доколку не преземе итни мерки соочени со растечката безбедносна закана од Путиновата Русија, тврдат извори од одбраната.

Тие итни чекори треба да вклучуваат зголемување на буџетот за одбрана за најмалку три милијарди фунти годишно, запирање на планот за дополнително намалување на бројот на воениот персонал и олеснување на правилата за набавки, што ќе и овозможи на ОК да започне забрзана набавка на оружје и муниција. изјавија изворите.

„Историјата ќе ги гледа како фундаментални одлуките што ги донесе воениот премиер во наредните недели, со кои ќе се види дали оваа влада искрено верува дека нејзина примарна должност е одбраната на земјата или тоа е само парола што ја повторува. заради редот“, додаде изворот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.