Состојки
1 јајце
300мл млеко
50гр растопен путер
200гр брашно
1лажица шеќер
1/2лажиче сол
1 пециво, 10 гр
по желба , цимет, ванила, кора од лимон…..
мармалад, мед, овошје…..
некоја капка масло
Ги обожаваааммм
Денес дегустирани со пресен мармалад од зрели смокви, со мармалад од црни сливи…мммммммм
Во вангличка ги ставаме прво сите суви состојки и промешуваме.
Додаваме млеко, јајце, растопен путер.
Смесата убаво ја соединуваме со миксер 1 минута.
Оставаме така да одмори додека ни се загрее тава на умерен оган.
Во тавата ставме 1-2 капки масло, па со кутлача нанесуваме од смесата.
Пржиме прво од едната страна, околу 2 минути, и кога на површината ќе се појават меурчиња, палачинката е спремна за превртување.
Ја пржиме и од другата страна да зарумени.
Ги консумираме со мармалад, мед, кашкавал, овошје…..