Соединетите држави имаат намера ефикасно да се натпреваруваат со Русија и Кина во рамките на новата развојна стратегија на Арктикот , изјавија високи претставници на Белата куќа на брифингот со новинарите.

„Стратегијата ја дефинира засилената стратешка конкуренција што можете да ја видите на Арктикот од Русија и Кина во изминатата деценија“, велат тие.
„Значи (стратегијата) се однесува на одговорот и позиционирањето на Соединетите држави ефективно да се натпреваруваат и да управуваат со овие тензии“, додаде Белата куќа.
Администрацијата, исто така, истакна дека Соединетите Држави одлучиле да започнат со изградба на три нови мразокршачи, покрај двата во моментов во употреба.
Пронајдете не на следниве мрежи:


