Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Ватикан дека САД, а не Украина, ќе го признаат Крим како дел од Русија, објави „Аксиос“.
„Според неименуван извор, Зеленски за време на состанокот повторил дека не го признава Крим како руски, а Трамп јасно ставил до знаење дека не го бара тоа. Планот е САД, а не Украина, да го сторат тоа“, објави американскиот портал.
Зеленски, исто така, му рекол на американскиот лидер дека не се плаши да прави отстапки за да го заврши конфликтот, но дека за тоа ќе му бидат потребни прилично силни безбедносни гаранции, објави порталот.
Зеленски ги искористи своите 15 минути со Трамп во Ватикан за да го повика да заземе построг став кон рускиот претседател Владимир Путин и повторно да го приоритизира воспоставувањето прекин на огнот, изјавија за „Аксиос“ два извори запознаени со прашањето.
Борисов за Мицкоски: Tој е човек што денеска едно утредента друго збори – Не му го слушав говорот
Покрај тоа, според еден од изворите, за време на разговорот, Трамп вршел притисок врз Зеленски што поскоро да потпише договор за ретки минерали меѓу САД и Украина.
„Беше одлична средба и Зеленски не сакаше да ризикува“, рече неименуваниот извор.
Разговорите во Ватикан на денот на погребот на папата Франциск се одржаа откако САД се заканија дека ќе се откажат од своите напори за посредување во мирот во Украина и откако Трамп го осуди Зеленски за коментарите дека Украина нема да ја признае руската контрола врз Крим.
Пронајдете не на следниве мрежи:



