Амстердам го крева лимитот за возраста на проститутките

Властите на Амстердам воведуваат цела низа мерки со кои коишто сакаат да ги регулираат стандардите во сексуалната индустрија, вклучувајќи ја и минималната возраст за „сексуалните работнички” во холандската престолнина којашто се зголемува од 18 на 21 година.

 На прес-конференцијата во вторникот, градоначалникот на Амстердам, Еберхард ван дер Лаан, исто така, рече дека познатиот Кварт на црвените фенери ќе го загуби правото да работ и нон-стоп, односно своите врати тамошните објекти ќе ги затвораат во работните денови од 4 до 9 часот наутро, и за време на викендите од 05 часто наутро.
Според ван дер Лаан, одлуката била донесена за да се намали криминалната тензија во злогласните области на градот и да се осигура безбедноста на „сексуалните работнички” кои во Амстердам ги има околу осум илјади.
Покрај тоа, со цел да се оптимизира економија на градот, на сите сопственици на борделите ќе бидат поканети од градските власти да претстават бизнис план за развој на нивните претпријатија регистрирани за давање ваков вид услуги
Се очекува дека мерките предложени од страна на градоначалникот ќе стапат на сила во јули годинава.
Макфакс
Властите на Амстердам воведуваат цела низа мерки со кои коишто сакаат да ги регулираат стандардите во сексуалната инду

Пронајдете не на следниве мрежи: