АНАЛИЗА ПЕНЗИИ: ЗА ДВА МЕСЕЦИ 481 ПЕНЗИОНЕР ПОМАЛКУ ВО ЗЕМЈАВА

Исплатата на ноемвриската пензија започнува од 26 ноември (петок). Македонските пензионери ќе може да ја подигнат пензијата на банкомат во секое време, додека ислатата на шалтер ќе се одвива во 4 групи поради ковид мерките.
– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.11.2021 година(петок);                                                                                           
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.11.2021 година (понеделник);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.11.2021 година (вторник); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.12.2021 година (среда).
Порталот Пари ги анализаираше последните податоци на ПИОМ за состојбата со пензионери во земјава?
Во октомври бројот на пензионери изнесува 325 156 или статистиката избројала 183-ца пензионери помалку во однос на претходниот септември месец (325 339). Во последните два месеци (август биле 325 637) податоците покажуваат дека бројот на пензионери се намалил за дури 481 лице.
Просечната пензија на пензионерите изнесува 15.868 денари според редовната месечна анализа на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ). Највисока просечна пензија од 23.048 денари земаат воените пензионери, додека втори се корисниците на старосна пензија со 17.136 денари.
Просечната пензија на корисниците на инвалидска пензија е 14.287 денари, на семејната 12.681 денари и на земјоделската 8.269 денари.
Најголем дел од пензионерите земаат старосна пензија (219 856), семејна (75 080), инвалидска (30 220).
Просечната пензија изнесува 15.868 денари
Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување според состојбата на корисници на пензии по групи, најголем дел од пензионерите земаат пензија над 18.000 денари и до 11.000 денари, односно највисоката и најниската група. Пензионерите со пензии над 18.000 денари во вкупната структура учествуваат со 28,8 проценти (93 947), додека со пензиите што се сметаат под минимална до 11.000 денари нивното учество е 26,7 отсто (87 077) .
Состојба на корисници на пензија по групи на исплата за октомври
Максимален износ на пензии
Бројот на корисници со највисоки пензии чиј распон се движи од 40.548 денари до 57.992 денари во октомври изнесува 1.332. Најголем дел од нив се пензионери што оствариле старосна пензија 1258. Останатите пенионери со најголема пензија се семејна пензија 51-ца и инвалидска пензија 23-ца.
Од пензионерите со највисока пензија најголемиот дел од нив, односно  884 земаат пензија во износ од 42.240 денари. Највисока пензија во земјава од 57.992 денари земаат 51 пензионери (48 беа во септември) од кои 49 оствариле старосна пензија, додека двајца земаат семејна пензија.
Најниски пензии
Корисници на најниските пензии на пензионери што оствариле право на пензија до крајот на 1996 година чиј број изнесува 11 088 земаат пензија од 12.801 денари до 12,547 денари. Пензионерите со право на пензија остварено од.. КЛИКНИ [ тука ] да продолжиш со читање на анализата.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.