вторник, 17 ноември 2026
Најново

АНАРХИСТИЧКА ГРУПА ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОДМЕТНАТИОТ ПОЖАР СО ЕКСПЛОЗИВИ ВО ЗГРАДАТА НА ВЕСНИК И РАДИО ВО АТИНА

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Анархистичката група „Илјадници сонца на ноќта“ ја презеде одговорноста за поставениот импровизиран експлозивен механизам што минатата среда предизвика пожар во зградата во Атина на групацијата „Real“,каде што се наоѓаат канцелариите на весникот „Real news“ и радиото „Real fm“.

АНАРХИСТИЧКА ГРУПА ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОДМЕТНАТИОТ ПОЖАР СО ЕКСПЛОЗИВИ ВО ЗГРАДАТА НА ВЕСНИК И РАДИО ВО АТИНА

Во опширниот текст објаснуваат дека причината за нападот е двегодишнината од смртта на 26-годишното момче, кое според медиумите во Грција, им подлегнал на повредите во 2020 година откако бил претепан од полицајци.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Групата која ја презеде одговорноста во опширниот текст, детално го опишува нападот, ѝ се извинува на вработената во радиото „Real fm“, која беше полесно повредена и велат дека нивната цел не била да постојат жртви или повредни.

Истата група стои зад три други инциденти со предизвикани пожари во банки, канцеларија на Нова демократија и на автомобил во ноември 2020 година, во јули 2021 година и во мај годинава.

Поврзани вести