четврток, 12 ноември 2026
Најново

Анастасија раскина со дечкото

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ по пет години раскина со дечкото Ѓорѓе Куљиќ. Веста за српските медиуми ја потврди нејзината ПР-служба преку соопштение.
„Тие раскинаа пријателски, без караници. Причината не е трета личност. Анастасија и Ѓорѓе ќе останат пријатели“, стои во соопштението.
Ќерката на Цеца и бизнисменот од Нови Сад раскинале веднаш по Денот на вљубените. Според нивни блиски пријатели, тие последните месеци поминувале малку време заедно, а причина за раскинувањето е одвоеноста, но и други разлики кои не можеле да ги надминат.
Анастасија веќе се отселила од заедничкиот стан.

Поврзани вести