понеделник, 16 ноември 2026
Најново

Ана Брнабиќ избрана за претседател на Народното Собрание на Србија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По тридневна расправа за избор на претседател на Народното собрание на Србија, пратениците во Собранието на Србија за таа функција ја избраа доскорешната премиерка и потпретседателката на Српската напредна странка Ана Брнабиќ.
Од 158 пратеници кои гласаа за избор на Брнабиќ, гласаа 153 пратеници, пет беа против, а воздржани немаше.

За нејзиниот избор гласаа пратениците кои влегоа во Собранието од листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да застане“ и „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“, Здружението на војводинските Унгарци и партиите на националните малцинства.
На гласањето не присуствуваа пратениците на коалицијата „Србија не сме стане“ и „НАДА“, а против или не присуствуваа пратениците на „Ми глас народа д-р Бранимир Несторовиќ“ и „Ми глас на народ“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На дневен ред на конститутивната седница се избор на потпретседател на Народното собрание, именување на генерален секретар, избор на членови на работни тела и избор на членови на постојани парламентарни делегации во меѓународните институции.

Поврзани вести