Ангела Меркел во посета на ЗОО градина стана хит на Твитер

Германската канцеларка Ангела Меркел на социјалните мрежи се појави во опуштено издани во посета на ЗОО со птици во местото Марлов што се наоѓа во сојузната покраина Мекленбург во сеевроисточниот дел на Германија.
Меркел позира со шарени папагали, а кога ја фатиле за рака, канцеларката вриснала. Фотографите го фатиле токму тој момент, а фотографиите од паркот на птиците набрзо станале вирални.
Под фотографиите се појавија илјадници коментари, а некои ја споредуваат германската канцеларка ја споредуваат со Харли Квин која се појавува во американските стрипови, а некои пишуваат дека Меркел со птиците ги потсетувс жената со гулабите од филмот „Сам дома 2“.


Ангела Меркел наскоро ја завршува политичката кариера и историските 16 години на власт во Германија. Таа е толку долго на функцијата што ја нарекуваат и „вечна канцеларка“.
Иако нејзиното име се најде на листата на желби на клучните позиции во ЕУ и во Обединетите нации, Меркел најави дека по завршувањето на мандатот, целосно ќе ја напушти политиката. Запрашана на што најмногу се радува за претстојните пензионерски денови, одговори:
„Се радувам на тоа што не ќе морам стално да донесувам одлуки

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.