Ангелска диета: Како да истопите осум килограми за две недели

Искрено говорејќи, нема да биде лесно, но се гарантира дека ќе изгледате повитко – стомакот ќе ви исчезне а задникот ќе се намали. И патем, овие резултати можат долго да се сочуваат – под одредени услови.
Всушност, „ангелската диета“ трае 13. дена. За тоа време, вашиот метаболизам ќе се забрза и ќе почнете нагло да ги губите килограмите. Трикот е седум дена да јадете со склад со одреденото мени, а потоа да ги повторите јадењата од првите шест.
Плус, во овој момент морате потполно да се откажете од солта, шеќерот и алкохолот. Се препорачува салатите да ги зачинувате со маслиново масло (не повеќе од 1 лажица), а оцетот е подобро да се замени со сок од лимон. И не заборавете да пиете чиста вода на собна температура – најмалку 2,5 литри дневно. Задолжително испијте една чаша еден час пред јадење или еден час потоа. Патем, водата совршено го истерува чувството на глад, кое веројатно ќе се појави во првите денови на диетата.И мала тајна на „ангелите“ – За да нивните тела изгледаат поистакнати – не пијат ништо 10 – 12 часа пред ревија.
Значи, ако планирате важен состанок можете да ја испробате оваа техника.
Прв ден
Појадок: шолја црно кафе или зелен чај.
Ужина: една јаболка (или било кое друго овошје)
Ручек: 2 тврдо варени јајца, салата од зелен зеленчук и еден домат, 2 варени компири.
Вечера: голема јунешка шницла од скара и зелена салата.


Втор ден
Појадок: шолја црно кафе без шеќер и млеко или чај, тост од леб од цели зрна.
Ужина: една зелена јаболка.
Ручек: голема јунешка шницла, зелена салата и свеж домат, шолја зелен чај.
Вечера:супа од зеленчук (една чинија).
Трет ден
Појадок:шолја кафе без шеќер и млеко или чај, тост од леб од цели зрна.
Ужина: чаша природен јогурт со малку маснотии.
Ручек: голема шницла зелена салата, чаша (било кој вид) свежо цеден сок.
Вечера: 2 тврдо варени јајца, 2 кришки шунка со малку маснотии.
Четврти ден
Појадок: шолја кафе без шеќер или чај со кришка тост од цели зрна.
Ужина: шака јатки (ореви или бадеми)
Ручек: големо парче месо од скара, зелена салата, шолја зелен чај.
Вечера: 2 тврдо варени јајца и 2 кришки шунка.


Петти ден
Појадок: еден сиров морков (рендан) со сок од половина лимон.
Ужина: една банана.
Ручек: риба на скара, 1 голем свеж домат, шолја кафе – без додатоци.
Вечера: парче месо од скара, зелена салата, шолја свежо цеден сок.
Шести ден
Појадок:шолка кафе без шеќер и млеко, или зелен чај.
Ужиан: чаша природен јогурт и една банана.
Ручек: пилешки гради, зелена салата, шолја кафе без додатоци.
Вечера: парче месо на скара и зелена салата.
Седми ден
Појадок:шолја кафе без шеќер и млеко или зелен чај
Ужина: една банана
Ручек: парче месо на скара, зелена салата
Вечера зелена салата и неколку кришки тврдо сирење.
Резултатот после таква диета е импресивен; за скоро две недели можете да се ослободите од 4 до 8. килограми (се е индивидуално). Морате мазно да излезете од оваа „ангелска диета“ за да килограмите не се вратат. Постепено додавајте зеленчук, овошје и месо во исхраната (прво додајте пилешко а потоа и телешко). И, најважното: продолжете да внимавате на јагленохидратите и мастите во вашето мени да бидат помалку од протеините. Така ќе бидете во одлична форма во текот на цела година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.