Англичаните го укинуваат ВАР? | NetPress


Клубовите од англиската Премиер лига во јуни ќе гласаат за можно укинување на ВАР технологијата од следната сезона, а сето тоа по предлогот на Вулверхемптон, тврди BBC.

За евентуалното укинување на ВАР ќе гласаат 20 клубови на годишното собрание на 6-ти јуни, а Вулверхемптон официјално поднесе барање до Премиер лигата. Вулверхемптон тврди дека ВАР-от е воведен со добра волја, но довел до „голем број несакани негативни последици кои му наштетуваат на односот помеѓу навивачите и фудбалот“.

ВАР технологијата беше воведена во 2019 година за да им помогне на судиите да донесат важни одлуки на теренот, но оваа сезона имаше голем број контроверзни инциденти, објави BBC.

„Цената што ја плаќаме за мало зголемување на прецизноста е во спротивност со духот на нашата игра“, се вели во соопштението на Вулверхемптон.

Одборот на Премиер лигата соопшти дека ја цени загриженоста за ВАР, но целосно ја поддржува технологијата и ќе продолжи да работи со судиската организација на подобрувања.

The post Англичаните го укинуваат ВАР? | NetPress appeared first on 365.com.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: