Андреа конечно изгледа како што сака: Сега има нова цел, сака да си најде момче кои ќе ги прифати нејзините услови

Андреа Иванова редовно се наоѓа на насловните страници поради нејзиниот изглед, за кој само на филери за јаболчници потрошила околу 1.800 евра.

Оваа 25-годишна инфлуенсерka се надева дека ќе постигне нов рекорд за најголеми образи во светот. Додуша, нејзината цел и направи одредени проблеми, особено во љубовниот живот, па таа призна дека се „бори“ да пронајде партнер и покрај тоа што мажите и посветуваат големо внимание на интернет.

Иако е нестрплива и сака што побрзо „лудо и вистински да се заљуби“, вели дека ќе и одговара само некој кој целосно ќе го прифати нејзиниот изглед.

  • Ако сум во врска со некого, а тој ми каже дека му е непријатно додека шета со мене на улица или на јавни места, тогаш ќе раскинеме – изјавила Андреа.
  • Ќе се чувствувам лошо и навредено, а потоа ќе морам да барам нов партнер на кој нема да му пречи мојот изглед – рече таа и објасни како би сакала лудо и вистински да се заљуби и да го запознае вистинскиот партнер за себе, бидејќи таа тврди дека љубовта е „најубавата и најважната на овој свет”.

Андреа тврди дека во минатото имала „лоши” искуства кога станува збор за љубовта и не се чувствувала ценета. Сега, поради ова, таа е попребирлива за мажите со кои излегува и научила сопственото мислење да го става на прво место, односно пред туѓото.Имав партнери кои ме советуваа да го променам изгледот и да не бидам толку екстравагантна. Никогаш не ги слушав и секогаш се каравме – објаснила таа.

И покрај негативните коментари на интернет, 25-годишната девојка го сака својот изглед.

Не се грижам за туѓите коментари, бидејќи имам свој вкус и свои ставови за убавината и се држам до нив. Секој човек треба да се задоволува себеси без страв и грижа за мислењата на другите, бидејќи смислата на животот е да се биде среќен – заклучила таа за медиумите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.