Андрија Милошевиќ драстично ослабе: На диета сум, се грижам за себе

– На слабеењето не влијаеја деловните и приватните обврски, околу бебето – изјави Милошевиќ
Популарниот актер Андрија Милошевиќ драстично ослабе, а како што кажа е на диета и за неколку месеци се најави себе како новиот Андрија.
Андрија ја водеше прес-конференцијата на „Белградски синдикат“ по повод големиот концерт на Ташмајдан што ќе се одржи на 11-ти јуни, а кога се појави многумина беа изненадени од неговиот изглед.
– На диета сум, малку се занимавам со себе. Секогаш си го правам тоа, слабеам малку, па малку се дебелеам, па пак… – изјави Милошевиќ.
-Сега решив, со оглед на тоа што ќе снимам цело лето и дека немам време и дека нема да имам одмор, па во септември кога ќе ви претставам нешто ново што го работам, тогаш ќе ме видите мене целосно нов – додаде Андија.
На прашањето каков е новиот проект и дали е поврзан со здравјето, тој одговори:
– За здравје, за изглед, се што сакаат младите денес.

Иако неодамна стана татко, а покрај многуте деловни обврски, троши време и се грижи за својот наследник, вели дека тоа не влијаело на неговата тежина.
– На слабеењето не влијаеја деловните и приватните обврски околу бебето, тоа е мојата, да речеме, самодисциплина – заклучува Милошевиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.