Анкета: Владата на Јанша со најниска поддршка

Работата на словенечката влада како позитивна ја оценуваат 13 отсто од Словенците, а како негативна 80 отсто, покажуваат резултатите од анкетата што во понеделник ја објави љубљанско „Дело”.

Станува збор за редовно месечно истражување кое добро ги илустрира и последиците од актуелната владина криза на премиерот Јанез Јанша кого постепено го напуштаат дел од коалиционите партнери, а чиј расплет сè уште не е јасен.
Јаншината влада, според анкетата на „Дело”, има најниска поддршка на јавноста од почетокот на својот мандат пред една година. Просечната оценка од 1,88(во распон до 5), кои на Владата и ја дале испитаниците во анкетата, е само малку подобра од оценката 1,82, која и ја доделиле на претходната влада на Борут Пахор во јуни 2011 година, кога тогашната владејачка коалиција на левиот центар ја напуштија две партии, а гласачите на референдум ги одбија предложените реформи, меѓу другото и реформата на пензискиот систем.
Makфакс
Работата на словенечката влада како позитивна ја оценуваат 13 отсто од Словенците, а како негативна 80 отсто, покажуваат ре

Пронајдете не на следниве мрежи: