Антибиотици и COVID-19: Лекарите ги препишуваат лесно, но тоа може да создаде нов проблем

Огромното мнозинство на пациенти со COVID-19 примени во американските болници во првите месеци од пандемијата добиле антибиотици, дури и пред да се потврди дали имаат некаква бактериска инфекција, покажа студија објавена вчера.
Студијата спроведена од Pew Charitable Trusts покажува дека ваквите лекови биле претерано препишувани од февруари до јули 2020 година, додека лекарите се обидувале да ги лекуваат пациентите во време кога немаше многу опции за лекување на болеста предизвикана од коронавирусот SARS-CoV-2.
Антибиотиците не дејствуваат на вируси и се препишуваат за лекување на секундарни бактериски инфекции.
Што може да значи тоа на долг рок?
„Она што на крајот нè загрижува е што овие податоци може да значат на долг рок во борбата против развојот на отпорност на антибиотици?“, вели Дејвид Хјун, директор на Проектот за отпорност на антибиотици на Pew.


Студијата опфаќа 5.838 хоспитализирани пациенти и укажува на ризикот од непотребно препишување на антибиотици што може да го забрза појавувањето на микроби отпорни на лекови. Отпорноста на лекови се поттикнува со, меѓу другото, прекумерна и погрешно давање на антибиотици и други антимикробни препарати.
Бактериите се менуваат за да го избегнат смртоносниот ефект на антибиотиците и да најдат начини да го преживеат делувањето на лековите.
Антибиотици во 52% од случаите
Според студијата, најмалку еден антибиотик бил препишан кај 52% од хоспитализираните пациенти со COVID-19. Бактериска пневмонија е дијагностицирана кај 20 проценти од пациентите со COVID-19, а кај 9% инфекции на уринарниот тракт, кога е оправдано препишување антибиотик.
Во 96 проценти од случаите, пациентите почнале да примаат антибиотик во првите 48 часа од приемот во болница.
Податоците покажуваат дека повеќето пациенти кои примиле антибиотик веднаш по пристигнувањето во болница не добиле дополнителни дози подоцна, што укажува на напори за ограничување на прекумерното давање антибиотици.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.