Антикорупциска оформи вкупно 23 предмети од денот на распишување на изборите до денеска

Почнувајќи од денот на распишување на изборите, до денеска, оформени се вкупно 23 предмети од кои три ги оформивме по сопствена иницијатива, истакна Татјана Димитровска, претседателка на Државната комисија за спречување на коруцпија (ДКСК), во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

Тие три предмети се добро познати на јавноста кои се однесуваат на набавката на хеликоптерите од министерството за одбрана, набавка на медицинските возила преку министерството за здравство и постапката за ангажирање на хонорарците во Младинскиот културен центар. Останатите предмети се оформени по претставки. За сите е отпочната постапка за достава на барање за потребна документација. Рокот тече, рокот на доставување на овие податоци, согласно законот за спречување на корупција и судир на интереси, е 15 дена, изјави Димитровска.

Пронајдете не на следниве мрежи: