Антикорупциска ќе одлучува по пријави за прекршување на Изборниот законик

Денес во своите простории Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи деветата седница, а на дневен ред се повеќе приговори за прекршување на Изборниот законик, и Законот за корупција и судир на интереси од распишувањето на претседатеските избори.
Како што е наведено во соопштението, сите приговри се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат на активности на Платежната агенција, како и против градоначалниците на општините Гази Баба и Штип, на Општината Штип, и вд градоначалникот на Ново Село, Струмичко.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.