Перо Антиќ со Олимпијакос се наоѓа на чекор до пласман на завршниот турнир во кошаркарската Евролига. Олимпијакос забележа убедлива победа над Анадолу Ефес со 71:53 и во четвртфиналната серија поведе со 2:0.Покрај Олимпијакос предноста на домашниот терен максимално ја искористија уште ЦСКА Москва и Реал Мадрид.Македонскиот репрезентативец, за разлика од првиот меч, имаше значаен придонес во победата на Олимпијакос, за 23 минути минати на теренот тој имаше учинок од 11 поени (1/2 за два и 3/5 за три) и седум скока.Покрај Антиќ со двоцифрен ефект кај Олимпијакос мечот го завршија Василис Спанулис (15 поени, 8 асистенции, 4 скока) и Кајл Хајнс (12 поени).Исто како и на првиот натпревар најефикасен играч на Ефес беше Гунлум со 13 поени.ЦСКА со 90:68 ја совлада екипата на Каха Лаборал – Крстиќ, Ерцег и Каун со по 16 поени ги предводеа ‘армејците’ до втората победа во серијата.Убедлив триумф во вториот меч забележа и Реал Мадрид, 75:63 над Макаби. Љуљ постигна 26, а Керол 14 поени во победата на Реал.
МакфаксПеро Антиќ со Олимпијакос се наоѓа на чекор до пласман на завршниот турнир во кошаркарската Евролига. Олимпијакос забе