Антониа Гиговска за разделбата со Иван: Премногу ме имаше во медиумите со бившите партнери

За некои луѓе велат дека се родени под среќна ѕвезда. Токму таква е ѕвездата на Антониа Гиговска. Таа има нешто што не може ниту да се одглуми ниту да се купи. Освен што ангендата со настапи ѝ е преполна и скоро секој ден е во различен град, таа успеа да стигне во Сокобања, Србија и да ја подигне наградата „Поп пејачка на годината. На таква вест не можете да не кажете браво! Сцената што многу од пејачките ја посакуваат и сонуваат, таа ја впива со сите сетила и чекори по неа.

Но, кога станува збор за нејзиното име и презиме, мислењата во јавноста се поделени. Многумина велат дека арогнтноста преовладува кај оваа млада пејачка, а оние кои што ја познаваат го кажуваат сосема спротивното.

Нејзиниот карактер моижеби не им се допаѓа на многумина, но тоа не е случај и со музиката која таа ја прави. Недоамна ја објави својата нова песна Атлантида, а објави уште една со наслов Око моје. Токму естрадниот магазин “Бекстејџ„ ја имаше можноста да присуствува на снимањто на новиот видео запис.

Во ерата на ријалити ѕвезди, на деградација на вредности, кога површината доминира над содржината, една 21-годишна девојка го докажа токму спротивното – дека квалитетот и напорната работа можат да те доведат до остварување на сонот. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.