Антониа Гиговска е единствената Македонка која се натпреварува меѓу најдобрите од „Пинк ѕвездички“ во изданието „All stars“.
Вчеравечер се одржа првата полуфинална вечер каде Антониа настапи последна, а пред публиката и жирито се претстави со уште една балада, овој пат француската „Је t’aime“.
Вокалната изведба уште еднаш ги воодушеви членовите на жирито кои на крај само и потврдија дека како овој настап, така и сите претходни, Антониа едноставно е непогрешлива.
Тоа што нималку не фрли сенка на нејзиното претставување, иако беше незгода, е тоа што за време на изведбата Антониа несакајќи се сруши на сцената врз едно од девојчињата кое танцуваше