Поразот во финалето од шпанскиот Суперкуп против Барселона (1-3) само ја влоши ионака лошата атмосфера во соблекувалната на Реал Мадрид, а по овој меч медиумите почнаа да шпекулираат дека тренерот Карло Анчелоти најавил – чистка.
Први на удар се четворица фудбалери и тоа Алваро Одриозола (27), стоперот Хесус Ваљехо (26) и напаѓачите Еден Азар (32) и Маријано Дијаз (29), од кои „кралевите“ сакаат да се ослободат уште во зимскиот преоден рок.
Одриозола сезонава одигра 51 минута откако се врати од позајмица во Фиорентина и е целосно во сенка на Дани Карвахал и на Лукас Васкез. Ваљехо исто така не може да игра покрај жестоката конкуренција во одбраната и досега одигра само 56 минути, додека најмалку од сите има настапено Дијаз, само 25 минути.