Анчелоти ќе биде селектор на Бразил, Чаби Алонсо е следниот тренер на Реал Мадрид

Карло Анчелоти (65) го завршува својот втор мандат во Реал Мадрид и, според информациите, веќе има договор со фудбалската репрезентација на Бразил. Тој ќе стане селектор на „Селесао“ веднаш по завршувањето на сезоната во Ла Лига, со што нема да го води Реал на Светското клупско првенство што почнува во јуни.
Одлуката да замине била забрзана поради неуспесите на крајот од сезоната – елиминацијата од Арсенал во четвртфиналето од Лигата на шампионите и поразот од Барселона во финалето на Купот на кралот.
Реал веќе има договорен наследник: тоа е клупската легенда – Чаби Алонсо (43). Тој во следните денови треба официјално да го извести Баер Леверкузен дека од следната сезона ќе го преземе кормилото на Реал Мадрид. Договорот е блиску до финализација и останува само уште еден последен чекор.
Алонсо беше играч на Реал од 2009 до 2014 година, со кого освои по една Ла Лига и Лига на шампиони, како и два Купа на кралот. Сега ќе има шанса да го предводи клубот како тренер, токму после Анчелоти кој беше негов ментор и во Реал и во Баерн.
The post Анчелоти ќе биде селектор на Бразил, Чаби Алонсо е следниот тренер на Реал Мадрид appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: