Актерката Анџелина Џоли неодамна прослави посебен јубилеј и е подготвена да започне ново поглавје.
Имено, Џоли го прослави 18-тиот роденден на своите близнаци Вивиен и Нокс, а сега е подготвена да продолжи понатаму од својот живот во Калифорнија.
„Таа со години зборува за напуштање на Лос Анџелес. Среќна е што има повеќе слобода и флексибилност во својот живот“, изјавил извор близок до Џоли за „Пипл“.
Џоли има шест деца со поранешниот сопруг Бред Пит, а тие се разведоа во 2016 година, по 12 години заедно и две години брак, а разводот беше финализиран кон крајот на 2024 година.
„Децата отсекогаш биле нејзин приоритет. Џоли сакаше да го искуси светот и е возбудена што сега сите можат да го сторат тоа заедно. Таа е подготвена за тоа“, рече изворот.
Џоли претходно наговести дека, иако пораснала во Лос Анџелес, живеела во градот бидејќи таму морала да биде по разводот.
„Штом ќе наполнат 18 години, ќе можам да заминам. Кога имате големо семејство, сакате тие да имаат приватност, мир, безбедност. Сега имам куќа за да ги одгледам моите деца, а човечноста што ја најдов низ целиот свет не е онаа со која пораснав тука. Ќе поминам многу време во Камбоџа. Ќе поминам време посетувајќи ги членовите на моето семејство каде и да се во светот“, рече таа.
Џоли неодамна го стави својот имот во Калифорнија, кој претходно беше во сопственост на режисерот Сесил Б. Де Мил, на продажба за 29,85 милиони долари.
The post Анџелина Џоли се подготвува за ново поглавје во својот живот: Со години зборува за напуштање на Лос Анџелес appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



