четврток, 12 ноември 2026
Најново

Апасиев: Зошто плаќаме најскапи патарини во Европа?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Плаќаме најскапи патарини во Европа, објави на Фејсбук лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Претходно реакција имаа и од неговата партија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

– Жител на Гостивар плаќа 1.000 денари патарини за вкупно 460 километри во двата правци на автопатот до македонско-грчката граница (или 2,57 денари по километар!) што Македонија ја прави земја со најскапи автопати во Западен Балкан.

Во Србија, минувањето на делницата долга 600 километри од Прешево до унгарската граница чини 48 евра во двата правци (или 2,37 денари по километар!).

Ова ја прави Македонија држава со најскапи патарини за патишта кои не се ни автопати. На предлог-законот од Левица да се НАМАЛАТ патарините за 50%, пратеници од власта викаат дека требало да го пофалиме ЈПДП што имало РЕКОРДНА наплата на патарини?!

Па, токму таа рекордна наплата е од џебот на сиромашните граѓани што го полнат буџетот за партиски вработувања. Ама од десничарска влада не се ни очекува рекордна наплата на даноци од МИЛИОНЕРИ (како Анѓушеви и Заеви), туку арачот се збира од сиромашните – исто како во време османлиско. – велат од Левица.

Поврзани вести