АПЕЛ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД АВСТРАЛИЈА, КАНАДА И ЕВРОПА ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ

АПЕЛ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД АВСТРАЛИЈА, КАНАДА И ЕВРОПА ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА СИТЕ КОИ СЕ СПРОТИВСТАВУВААТ НА АНТИ-МАКЕДОНСКИОТ РЕЖИМ
До: #Бојкотирам Уставни Измени
Филип Петровски, ВМРО – ДПМНЕ
Тодор Петров, Претседател, Светски Македонски Конгрес
Професор Солза Грчева, Претседател, Глас за Македонија
Страшко Олумчев, Претседател, Семакедонски Национален Совет – Македониум
Д-р Љупчо Ристовски, ИНТЕГРА,Македонска Конзервативна Партија
Професор Јанко Бачев, Претседател, Единствена Македонија
Драган Угриновски, Тврдокорни
Професор Билјана Ванковска, Философски Факултет, Скопје
Ивица Тодоров, Здружение “Преродба”
Ана Бобинкова, Граѓанска Иницијатива “Подем”/Преродба.
Христијанско Братство
Професор Димитар Апасиев, Левица
Сотир Костов, СУМ
Љупчо Палевски, Трета Опција
Млади за Македонија
Стевчо Јакимовски, Претседател, ГРОМ
Почитувани,
Ние долунаведените лица, претставници на нашите македонски заедници во Австралија, Европа и Канада, ви се обраќаме во врска со исклучителната критична ситуација во која што се наоѓа Репубика Македонија. Како што знаеме, ако поминат уставните амандмани предложени од ненародната, квислишка влада предводена од Зоран Заев и се ратификува злогласниот Преспански Договор, македонскиот етнички и национален идентитет заминуваат во историјата и ќе бидат заменети со грчката/ ЕУ/НАТО/САД вештачка творба Северна Македонија и лажен северномакедонски идентитет. Со тоа се става крај на нашата македонската посебност,историја,култура, идентитет,обичаи и јазик во служба на империјалистичките стремежи на ЕУ, НАТО и САД.
За да се избегне ова црно и трагично сценарио, македонскиот народ, воден од масовното и одлучно отфрлање на Преспанскиот Договор на референдумот на 30-ти септември, треба под итно да преземе решителни и цврсти акции, применувајки ги сите расположливи мирни и легални методи на борба, во одбрана на Македонија и нејзиното име и сите обележја кои не одликуваат како посебен народ. Но тоа само може да се случи ако се обединат во еден широк фронт сите сили кои се спротивставуваат на анти-македонската политика на сегашната нелегитимна власт.
Затоа, апелираме до вас како водечки македонски политички чинители и предводници на отпорот, заедно со останатите движења, интелектуалци, уметници и сите други елементи во Македонија кои се незадоволни од овој режим, веднаш да се обедините и да го поведете и организирате масовниот народен отпор против Преспанскиот Договор и убиствените уставни амнадмани. Ставете ги настрана личните суети и амбиции, минатите недоразбирања и кавги и вашите идеолошки, политички и верски разлики и обединете се за постигнување на највозвишената и примарна цел- зачувување на Македонија како држава на македонскиот народ и нашето вековно име, историја, јазик,традицци и идентитет преку запирање на постапката за усвојување на незаконските уставни измени и поништување на Преспанскиот договор. Македонската Дијаспора во целиот свет ви стои на располагање за постигнување на нашите заеднички и благородни цели. Апелираме до вас колку што е можно побрзо да се состанете и да договорите стратегија за одбрана на Македонија.
Со Почит
Д-р Ристо Попов, Историчар и активист за македонски човекови права, Мелбурн, Австралија
Д-р Ицо Најдовски, Историчар и водител на Македонската Програма на Радиото 3ZZZ, Мелбурн, Австралија
Бил Николов, Претседател, Меѓународно Македонско Движење за Човекови Права (ММДЧП/MHRMI),Торонто, Канада
Крис Ангелков, Потпретседател, Македонска Заедница за Запанда Австралија, Перт, Австралија
Драган Стоиловски, Координатор, Координативно Тело на Македонската Дијаспора за Протести во Европа,Винтетур, Швајцарија
Драги Стојковски, Активист на Организацијата Обединети Македонци во Канада и Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП/MHRMI),Торонто,Канада
Живан Рендев,Основач на FB страницата Viva Macedonia/Да живее Македонија, активист за македонски човекови права, Мелбурн, Австралија
Боби Темелков,Претседател, Светски Македонски Конгрес-Канада, Торонто, Канада
М-р Гоце Дуковски,активист за македонски човекови права, доживотен управен член на КУД Никола Карев (Мелбурн), Мелбурн, Австралија.
Мирјана Стојковска-Сартинас, активист за македонски човекови права и финансиски советник,Мелбурн, Австралија
31 Октомври 2018г.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.