Управата на Националниот парк Долина на смртта во западен САД апелира до туристите да не пржат јајца на земја во Долината на смртта.
Овој парк е познат по тоа што е најжешкото место на Земјата, па љубопитните туристи постојано носат јајца и ги пржат на камењата по земја за да проверат дали репутацијата на паркот е вистинска.
Но, екипите за чистење и одржување на паркот се постојано презафатени со собирање остатоци од скршени јајца, кутии за јајца и лушпи. Затоа тие изјавиле „Ова е ваш парк. Ве молиме да фрлате отпадоци во канти за отпадоци и веќе да не пржите јајца на земја. Користете тавчиња или алуминиумска фолија и собирајте ги лушпите по вашите експерименти.“Управата на Националниот парк Долина на смртта во западен САД апелира до туристите да не пржат јајца на земја во Долин



