Апликација за поголема контрола врз тоа што децата го гледаат на Јутјуб

На пазарот се појави нова апликација – „YouTube Kids“, која на родителите им овозможува поголема контрола врз сѐ она што децата гледаат на Јутјуб.
Содржината, која е веќе прилагодена на возраста на децата, ќе може и дополнително да се адаптира со посебни опции за ограничување и забрана за гледање. Апликацијата може да биде заштитена и со лозинка, како и да се ограничи времето на прегледи преку неа.


Апликацијата во својата база има и едукативни видео содржини, кои ќе можат да се користат за деца од различна возраст. Дизајнот е исто така прилагоден за најмалите. Има крупни икони и лесно разбирлив текст.
Колку повеќе ќе биде употребувана и колку повеќе корисниците (родителите) ќе ја оценуваат, така и Јутјуб ќе ја надградува и подобрува апликацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.