четврток, 12 ноември 2026
Најново

Апокалиптични сцени од Лос Анџелес: Штетата измерена во десетици милијарди долари (Слика и Видео)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Неколку големи пожари се уште горат во областа на Лос Анџелес.Официјални лица досега потврдија најмалку десет смртни случаи, но се стравува дека бројката би можела да биде многу поголема откако и ќе можат истражувачите да пристапат до населбите.Десетици илјади луѓе беа евакуирани, многу згради беа уништени, а штетата се проценува на милијарди долари.Жителите на Алтадена и Пасадена беа предупредени од сенаторот Саша Рене Перез, кој ја претставува таа област, да не се враќаат на своите имоти.„Ова не е безбедно време да се вратите во своите домови“, рече Перез.Поради високите нивоа на пепел во воздухот, Перез ги предупредува жителите дека моментално не е безбедно да се пие вода од чешма.Што се однесува до враќањето дома, сенаторката нагласува дека е „прв пат“ нејзината заедница да се соочи со пожар „од ваков обем“.

Поврзани вести