Апсења во Анкара на припадници на крајната левица

 Антитерористичките сили на Турција во понеделникот привеле десетина лица за кои се сомневаат дека и припаѓаат на екстремната левица, којашто ја презема одговорноста за двата бомбашки напади во центарот на Анкара кога беа нападнати со импровизирани експлозивни министерството за правосудство и канцеларијата на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP) во која е кабинетот на премиерот Реџеп Таип Ердоган.Полицајците вршеле претрес на два работнички синдиката во центарот на турската престолнина, за кои се верува дека се тесно поврзани со Револуционерната партија – Фронт за ослободување на народот (DHKP-C), во работнички кварт на Анкара.Поранешниот челник на синдикатот на пристанишните работници Лима Ис е меѓу осомничените и тој задржан во притвор, јавуваат турски медиуми..Претходно во петокот беше спроведена слична акција на полицијата, во која исто така беа приведени десетина лица.На 20-ти март експлозивна направа со мала разорна моќ експлодираше во азискиот дел од турската метропола Истанбул, при што беа искршени прозорци на повеќе објекти, но за среќа немаше жртви. Тоа беше последниот во серијата напади, откако претходно на 19-ти март турското министерство за правосудство и канцеларија на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP) во која се наоѓа и канцеларијата на премиерот Реџеп Таип Ердоган, во турската престолнина Анкара беа нападнати со импровизирани експлозивни направи ноќта кон средата. Двата објекта се нападнати со бомби од рачна изработка, и лесни антитенковски проектили истрелани од рано вооружување.Последниот сличен бомбашки напад го изведе припадник на екстремната левичарска група марксистичката DHKP-C кој на 1-ви февруари се разнесе пред влезот во американската амбасада при што загина и турскиот припадник на обезбедувањето на дипломатското претставништво.
Макфакс Антитерористичките сили на Турција во понеделникот привеле десетина лица за кои се сомневаат дека и припаѓаат на

Пронајдете не на следниве мрежи: