четврток, 12 ноември 2026
Најново

,,Аптив“ заминува од Бунарџик, „Џонсон Мети“ ќе намалува работни места – глобалната криза ги погоди и компаниите во македонските ТИРЗ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Една компанија го затвора погонот, друга ќе го намали бројот на работни места. Компанијата „Аптив“ која долго време функционира во Бунарџик и во која работат околу 500 лица, велат дека поради оптимизирање на производствените капацитети, согласно случувањата на глобалниот пазар, производство од Бунарџик го селат во нивните погодини во Полска и Португалија, а во Македонија се затвора.

Добро познатата компанија „Џонсон Мети“ која, исто така, долги години работи во индустриската зона Бунарџик, ќе го намали бројот на работни позиции поради глобалните случувања.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Со оглед на неодамнешните глобални економски притисоци на автомобилскиот пазар, правиме прилагодувања на сменските модели во некои наши локации за да ја балансираме понудата со побарувачката во блиска иднина. Ова, за жал, ќе резултира со ограничен број на работни места кои би биле предмет на намалување“, се вели во дописот од „Џонсон Мети“.

Состојбата во Германија веќе подолго време е лоша. Кризата таму најмногу се чувствува во автомобилската индустрија. Кај нас доста странски фирми извезуваат делови за автомобили токму таму, но и во други делови на Европа.

Поради случувањата таму, извозот од земјава опаѓа, а тоа може да се види и од бројките на статистика каде пишува дека од јануари до ноември во 2024 година, во однос на истиот период во 2023 година, е намален за 5,9 проценти. Во пласманот на производи на странските пазари, големо учество имаат странските автомобилски компании во и надвор од зоните.

Поврзани вести