Земјите членки на Арапската лига на самитот во Катар во вторникот навечер се согласија дека имаат право да им пружат воена поддршка на и досега вооружените сириски бунтовници кои се борат за соборување од власта на претседателот Башар ал-Асад, се наведува во нацрт-декларацијата во која увид имал Reuters.Нацрт декларацијата на собирот во катарската престолнина Доха, исто така, упатува повик до меѓународните организации да ја признаат опозициската Национална коалиција на сириските бунтовнички и опозициски сили како единствен легитимен претставник на сирискиот народ.Ваквиот епилог беше очекуван, имајќи предвид дека Арапската лига ја исклучи Сирија од своето членство, а ја сочинуваат сунитските муслимански земји коишто ги поддржуваат сунитските мнозински бунтовници во Сирија кои по инерцијата од ткн Арапска пролет пред две години започнаа бунт со кој сакаат да го соборат од власта Башара ал-Асад претставник на малцинските алавити (шиити) кои со децении владеат имајќи ја поддршката на Друзите, христијаните и порано Курдите кои во двегодишниот конфликт заземаа неутрална позиција. Притоа, официјален Дамаск уште од март 2011 година ги обвинува соседните арапски и муслимански земји, во прв ред Катар, Обединетите Арапски Емирати и Турција, дека ги вооружуваат бунтовниците и испраќаат свои борци во Сирија.Иако има дипломатска важност, јазикот на нацртот декларација од самитот на Арапската лига за вооружувањето нема нужно практични ефекти за арапските политичари, бидејќи арапските држави е се подложни на ембаргото на Европската унија и САД на оружјето за Сирија, и можат слободно да ги вооружуваат сириските бунтовници.Со оцената дека постигнувањето политичко решение е приоритет во ставањето крај на сириската криза, самитот „го потврдува правото на секога држава, да, според нејзините желби, да ги понуди сите средства за самоодбрана, вклучувајќи ги и воените, за да ја поддржи непоколебливоста на сирискиот народ и Слободната сириска армија (FSA)“, ја цитира Reuters уште нацрт-декларацијата на Арапската лига од самитот во Доха.
МакфаксЗемјите членки на Арапската лига на самитот во Катар во вторникот навечер се согласија дека имаат право да им пружат в



