четврток, 12 ноември 2026
Најново

Аргентина се повлекува од Светската здравствена организација! Мили тргнува по стапките на Трамп!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Аргентина тргна по стапките на Доналд Трамп објавувајќи дека ќе се повлече од Светската здравствена организација.Овој потег ја одразува извршната наредба на претседателот Доналд Трамп издадена минатиот месец, со која се прогласи дека Америка повеќе нема да биде дел од меѓународниот здравствен систем, изјави портпаролот на аргентинскиот претседател Мануел Адорни, објави Дејли мејл.Адорни рече дека одлуката на претседателот Хавиер Мили се заснова на „длабоки разлики во однос на здравствениот менаџмент, особено за време на пандемијата „Ковид-19“, додавајќи дека Аргентина нема да дозволи меѓународно тело да се меша во нашиот суверенитет.Адорни рече дека управувањето со пандемијата на СЗО, заедно со одлуките донесени од поранешниот претседател Алберто Фернандез, „ја доведоа Аргентина до најдолгото заклучување во човечката историја“ и го направија Буенос Аирес подложен на „политичко влијание од одредени земји“.

Поврзани вести