Татко му би бил горд да го види: Вељко Ражнатовиќ ќе се венча во униформата на Аркан, а Богдана во венчаницата на Цеца

За точно еден месец ќе биде свадбата на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ, а како што пишуваат српските медиуми, таа по многу нешта ќе биде необична и интересна. За најважниот ден во својот живот младоженецот ќе ја облече воената униформа на својот покоен татко, Жељко Ражнатовиќ Аркан која и тој пред 25 години ја носел на својата свадба со Светлана Цеца Ражнатовиќ.
– Цеца сите овие години ги чувала не само својата венчаница туку и униформата на Аркан во која се оженил. Таа за нив е посебно емотивно врзана, а Вељко го знае тоа. Кога изразил желба да ја носи воената униформа на татка му на венчавката Цеца била воодушевена и, нормално се согласила. Тоа е негова желба иако се уште не ја пробал и не е сигурен дека големината ќе му одговара – открива извор близок до семејството Ражнатовиќ и додава:
– Што се однесува за Богдана, Вељко не инсистира да ја носи венчаницата на Цеца, меѓутоа најверојатно и тоа ќе се случи затоа што идната свекрва сака да и ја даде својата венчаница, покрај која планира да и купи уште еден фустан во кој невестата подоцна ќе се пресоблече – наведува истиот извор.

Инаку, моделот на венчаница кој Цеца го носеше за својата венчавка долго време беше многу популарен во Србија, што и не изненадува со оглед на тоа дека касетата со снимката од венчавката на пејачката и нејзиниот сопруг е продадена во повеќе од 100.000 примероци. Интересно е што и нејзината сестра Лидија Оцокољиќ го носеше истиот фустан на својата венчавка со Предраг Оцокољиќ, пред 15 години.Познато е дека семејството Ражнатовиќ ги негува српските обичаи, па така според тоа што го пишуваат медиумите и Вељко ќе ги испочитува. Пред венчавката и свадбената веселба семејството ќе оди во Тител за да ја “купи“ невестата. Црковната венчавка ќе се одржи во храмот Свети Сава, а граѓанската во еден хотел во Белград пред повеќе од 500 поканети гости.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.