Аркан на оваа песна се качил на маса кога се оженил со Цеца: Сега мајката и синот ја испеаја во чест на малиот Крстан

Вељко и Богдана Ражнатовиќ на 17 април го добија вториот син, на кој му го дадоа името Крстан, а среќниот татко истиот ден, во семејната вила на Дедиња организираше голема забава.

Бидејќи Крстан е роден на денот кога се родил и неговиот покоен дедо Жељко Ражнатовиќ Аркан, и самата Цеца се присети на својот сопруг, а во тоа име ја запеа и добро познатата црногорска песна „Ој свијетла мајска зоро“.

Оваа песна на прославата кај Ражнатовиќ ја испеа Слоба Радановиќ, кој дојде со сопругата Јелена, а во еден глас пееше со Цеца. Песната во нивното семејство и порано е пеела со големи емоции, па така и не нејзината венчавка со Аркан, додека тој се качил на маса.
Сега пејачката ја запеа „Ој свијетла мајска зоро“ качена на столче, а друштво ѝ правеше синот Вељко, кој се гледа дека го имаа понесено емоциите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.