Ароматичен помфрит подготвен на здрав начин
Потребни состојки:
1 килограм компири
60 милилитри маслиново масло
3-4 чешниња ситно исечкан лук
Коцка за супа
Сол и бибер по желба
60 милилитри лимонов сок
Свеж ситно исечкан млад лук
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Компирите излупете ги, исплакнете ги и исечете ги како помфрит.
Во сад ставете ги сите состојки за маринада, освен коцката за супа, и добро промешајте.
Компирите ставете ги во огноотпорен сад, прелијте ги со маринадата и печете ги 10 минути.
Во меѓувреме измешајте ја коцката супа во малку вода. Извадете ги компирите и прелијте ги со супата.
Вратете го садот во рерната и печете уште 20 минути.
Уживајте во вкусниот и здрав помфрит!