Ароматно бајато лепче

Состојки
8 парчиња-кришки леб
100 гр. путер или маргарин
2 лажици сецкан магдонос
150 гр. рендан кашкавал
15 чешниња лук
2 лажици масло
по 1/2 лажичка сол и бибер

– Во тавче помало ставете хартија за печење, додадете го исчистениот и исечен поедро или ако е поситен лукот нека е цел, посипете со маслото и печете го на температура од 170 степени околу 5 мин. Извадете го, исецкајте го вака печен поситно или едноставно со вилушка изгмечето го.
– Во путерoт, (маргарин) кој е омекнат на собна температура ставете го магдоносот, ренданиот кашкавал, печениот лук, солта и биберот, измешајте убаво да добиете намаз.
– По една лажица земајте од веќе приготвениот намаз, намачкајте на лепчињата, ставете во тава покриена со хартија за печење, печете во претходно загреана рерна на 220 степени околу 5 мин.
Одличен предлог за доручек, а да не се чудиме што со бајатиот леб.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.