четврток, 12 ноември 2026
Најново

Арсовска ги тагна амбасадите: Ќе објавам документи за сите граѓани да видат каков криминал се случува!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, им пиша на амбасадите на САД, Велика Британија и Германија, како и на Делегацијата на ЕУ во Македонија и Јавното обвинителство.

– По заканите врз мене не постапуваат, дали по доказите ќе постапат? Не верувам.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Зошто Мицкоски ги штити како што тој ги нарекува “господинот” Ганиу и “господинот” Меџити?

Мицкоски вчера наместо да постапува по обелоденетите криминали на Висар Ганиу каде се вртат милиони, да побара итно надлежните институци да делуваат за нешто за што има информација дека се уништуваат докази, тој почна да тера политика и да ми се заканува со девалвации ставајќи се во одбрана на неодбранливото.

Мицкоски јас и најлоша да сум, ти треба криминалциве да ги спречиш, не да ги браниш, па макар и браќа да ти се – а не ти се.

Затоа од денес, јавно и со појаснување за сѐ, ќе ги објавувам документите кои се доставени до институциите и обвинителството, а секој граѓанин ќе може да види што се правело, ќе мора да види и обвинителството, по што се надевам неодложно ќе мора да ги обезбеди во целост документите за предметите од Висар Ганиу и Ејуп Адеми пред да ги уништат!

Со почит,

Данела Арсовска, известувач и портпарол

за етика и справување со корупција

на Конгресот на Совет на Европа – објави Арсовска на Фејсбук.

Поврзани вести