Арсовска открива дали планира да се кандидра за втор мандат како градоначалник на Скопје

Фокусирана сум да се реализираат проектите од програмата “За Модерно Скопје”, вели градоначачничката на Град Скопје, Данела Арсовска, како одговор на прашањето дали планира да се кандидира за втор мандат како градоначалник.

-Во овој момент сум фокусирана на тоа сите овие работи кои ги ветив пред граѓаните да ги реализирам, нема логика две години пред тоа да се размислува, мора прво да им се укаже на луѓето соодветен успех. Иако, со сето ова политиканство, блокади и непринципиелни коалиции, сметам дека сме една од најдобрите градски администрации. Ако мојот претходник реализирал 50 проекти, ние од 300 проекти веќе половина имаме реалиизрано.

Жал ми е што во 30 години независна Македонија ниту еден од политичарите не најде начин да си ја надмине суетата и да реализира нешто за граѓаните, вели Арсовска.

Пронајдете не на следниве мрежи: