Астрологијата и среќата во животот

Вага: ширете ја вашата добра карма
„Сè се враќа, сè се плаќа“ – рекле старите. Така и вие, доколку денес вашата добра карма му донесе среќа на некој друг, можеби утре ќе ви дојде редот вам да добиете некаква среќа од универзумот.

Скорпија: верувајте им на инстинктите
Вие имате силно интуиција за луѓето и околностите околу вас. Постојат информации кои едноставно ги знаете, а не знаете од каде. Вашите внатрешни импулси се многу силни и ако ги следите ќе ве одведат на вистинското место. Најсреќните луѓе токму тоа и го прават – го следат своето срце.

Стрелец: побарајте совет
Најбрзиот и најлесниот начин да стигнете онаму каде што сакате да бидете, е да побарате совет од некој друг. Вие зрачите со младешки дух и ентузијазам, па доколку и дозволите на некоја „постара душа“ да ви даде добар совет во врска со нешто – вие ќе бидете незапирлива сила.

Јарец: пронајдете си го својот ментор
Вие сте природно комептитивни, па понекогаш заборавате дека не секој сака да се натпреварува со вас. Всушност, токму онаа личност која мислите дека е во подобра позиција од вас, која вие упорно се трудите да ја окупирате, можеби ќе има желба да ви помогне и да ви се најде за нешто. Вие ги зголемувате вашите шанси да бидете среќни, на начин што ќе побарате помош од некој друг.

Водолија: замислете си сончева иднина
Способноста да си ја претставите низ слики иднината во вашата глава, е вашата суперсила. Кога си проектирате во мислите успешен крај за вас, вашите најблиски и светот воопшто, најчесто истата таа ваша среќна верзија за иднината, испаѓа токму онака како што сте рекле дека ќе биде.

Риби: дружете се со весели луѓе
Вие имате една навистина интересна способност да ги апсорбирате вибрациите кои ги шират луѓето околу вас, а кога сте во близина на среќни луѓе, и вие постанувате среќна личност. Вие во суштина и не треба да правите нешто особено за да бидете среќни. Едноставно бидете секогаш во близина на луѓе кои се задоволни од нивниот живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.