Астрономи „во живо” следеа формирање на планета

Меѓународен тим од астрономи првпат „во живо” преку моќен телескоп кој се наоѓа во северниот дел на Чиле, набљудуваше процес на формирање на планета, обвиена во дебел слој вселенски прав и гас, соопштија од Европската јужна опсерваторија (ESO).

Тимот прецизира дека дискот од гас и прашина кружи околу младата ѕвезда HD100546 и се наоѓа на 335 светлосни години од Земјата, во Млечниот пат и може да стане „гигант, сличен на Јупитер”, се вели во соопштението од опсерваторијата.
Досега, изучувањето на процесот на формирање на планета најчесто се врши со помош на компјутерски симулации, изјави астрономот Саша Куанц од Универзитетот ETH во Цирих.
„Ако навистина сме откриле формирање на планета, научниците ќе можат првпат да го изучуваат процесот на формирањето на небесното тело, како и интеракцијата со животната средина, уште на почетокот на феноменот”, вели швајцарскиот астроном.
Тимот од астрономи го откри формирањето на планетата со помош на камера вградена во телескопот на ESO во пустината Атакама во Чиле.
Опсерваторијата вклучува научници од 15 европски земји и работи со многу моќни телескопи, вклучувајќи го и „Very Large Telescope” – најмоќниот на Земјата.
Макфакс
Меѓународен тим од астрономи првпат „во живо” преку моќен телескоп кој се наоѓа во север

Пронајдете не на следниве мрежи: