Баба не пробала пица 70 години, прочитајте зошто

Oткако нејзиниот сопруг бил уапсен од страна на фашистичкиот диктатот Бенито Мусолини 94-годишна баба повторно проба пица по цели 70 години, кога се заколнала дека нема да јаде италијанска пица.

Бабата пред 70 години се заколнала дека нема да проба никаква италијанска храна поради тоа што нејзиниот сопруг, за време на владеењето на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини, бил уапсен и држен во затвор речиси 3 години.
Но откако во јануари доживеала мозочен удар, бабата решила дека е време да ја прекине оваа забрана, и пробала хавајска пица (шунка и ананас) и изјавила дека не и се верува дека толку време се воздржувала од толку вкусна храна.

Нејзиниот сопруг се приклучил кон Британската војска на 18 години. Тој бил заробен од германската армија во Северна Африка во 1942 година. Две години бил во затвор во Германија, за подоцна една година да биде префрлен  во затвор во Италија.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK