Баба од Србија ја бара својата најдобра пријателка која не ја видела 60 години – покажала фотографија па заплакала: Еве како се вика, од каде е нејзината пријателка и каде последен пат се сретнале

Дали некогаш сте слушале приказни за вистински пријателства? Тогаш се родил изразот кој за многумина е недостижен во пракса денес – пријателството е за цел живот. Чест на исклучоците. Можете ли да замислите 60 години да се надевате дека ќе видите стар пријател кого не го заборавате ниту во најдлабоката старост?

Каков и да е одговорот, погледнете како една баба од Србија ја бара пријателката која ја нема видено повеќе од 6 децении.

„Последен пат се видовме во Богословијата во близина на манастирот Крка, каде што работевме заедно. Нејзиното име е Цана Пејатовиќ и би сакала да се сретнеме и чуеме“, со солзи во очите раскажала оваа баба за „TikTok“.

Неа за споменатата мрежа ја снимил внукот Душан и ги замолил луѓето да коментираат и лајкуваат што е можно повеќе како видеото би станало вирално и допре до поголем број корисници на „TikTok“, но и да се прошири на други дигитални платформи каде би секој, кој има било каква информација, би можел да им помогне во пронаоѓањето на пријателката Цана од Чачак.

Бабата ја покажала и нивната последна заедничка фотографија од младоста, со цел да го приближи до луѓето ликот на Цана, а бабата и внукот се надеваат дека пријателката е жива.

Пример за вистинско пријателство
Многумина во коментари биле воодушевени од приказната на бабата, имало многу реакции, а видеото достигнало речиси милион прегледи, иако сè уште нема епилог од потрагата.

Како и да заврши сето ова, ова видео и желбата на бабата да си ја најде пријателката може да ми послужи како пример на сите како треба да се негуваат човечките односи и како треба да изгледаат вистинските пријателства.

На бабата ѝ посакуваме да ја пронајде својата пријателка!

Пронајдете не на следниве мрежи: